Top Sport

Луис Суарез: Нормално дека ќе славам ако им дадам гол на Ливерпул

Во полуфиналето на Лигата на шампионите оваа сезона се среќаваат Ливерпул и Барселона и двајца поранешни фудбалери на „црвените“ ќе го носат дресот на ривалите при гостувањето на „Енфилд“ – Луис Суарез и Филипе Кутињо.

32-годишниот Суарез помина три сезони на „Енфилд“, каде што беше миленик на публиката, но сега вели дека сигурно ќе прославува гол ако им даде гол.

„Пред мечот е убаво да се зборува колку сум благодарен на Ливерпул за сè што ми дадоа, но ме знаете, кога сум на теренот нема да има пријателства, милост и покрај прекрасните моменти. Ќе ги бранам боите на Барселона со целата гордост која постои на овој свет“, вели Суарез во интервју за „Дејли мејл“.

Сепак, тој не ја крие љубовта кон својот поранешен клуб.

„Зборував со сопругата Софи за одење на ’Енфилд’ и моите децаа ми кажаа дека и тие сакаат да одат. Така што, ќе одиме сите. Можеби не најмалото, Лаути, кое наполни шест месеци. На мојата ќерка Делфина детството и помина таму. Кога почна да забележува фудбал се сеќаваше на ’You’ll Never Walk Alone’, така што тоа ќе и значи многу“, додава Суарез.

Scroll to Top