Еден навивач на Манчестер јунајтед имаше причина за радост по саботниот пораз од Вест хем од 3:1, откако Лук Шо покажа како треба фудбалските ѕвезди да се однесуваат кон најмалите фанови, подарувајќи го неговиот дрес.
Откако поразот обезбеди Јунајтед да го имаат најлошиот старт на една сезона по 29 години, Шо забележа еден млад навивач со знак во предниот ред и реши да му даде на девојчето сувенир. 23-годишниот Шо е еден од ретките фудбалери на Јунајтед кои добиваат пофалби за своите игри оваа сезона и по поразот тој изјави дека фудбалерите мораат да ја преземат одговорноста за „ужасниот“ пораз.
Absolutely class @LukeShaw23, one of the few who went over to the away fans today, and made this kids day ?? pic.twitter.com/6VGkslNHnT
— Ebrahim (@EGinwalla20) September 29, 2018