Манчестер јунајтед мораат да планираат освојување на титули во новата сезона, наместо да се чувствуваат удобно во топ 4 пласман во Премиер лигата, предупредува дефанзивецот на тимот, Лук Шо.
Минатата сезона, „ѓаволите“ завршија на третото место во Премиер лигата по одличните настапи по рестартот на лигата, но стигнаа само до полуфиналињата на Лига Европа, ФА купот и Лига купот. Последната лигашка титула Јунајтед ја освоија во 2013 година, а немаат било каков трофеј веќе три сезони – по освојувањето на Лига Европа и Лига купот под Жозе Мурињо.
„Подготвени сме за новата сезона! Мораме да бидеме силни и да се фокусираме на освојување на трофеи, а не на пласман во топ 4. Тоа ќе покаже дека имаме амбиции какви што прилегаат на овој клуб“, вели 25-годишниот Шо.