Top Sport

Лук Шо призна: Потребна е дебела кожа да играш под Мурињо

Лук Шо многу добро знае што значи да си му „на пик“ на Жозе Мурињо во последните неколку сезони и признава дека е потребно да имаш „дебела кожа“ за да го трпиш португалскиот менаџер.

Шо посебно лани добиваше многу критики од страна на Мурињо за неговото залагање на теренот, но оваа сезона тој е постојан во стартниот состав на „ѓаволите“ откако потпиша нов договор со Јунајтед. Пред мечот со Јанг бојс во ЛШ, кој може да биде клучен за шансите на Јунајтед за пласман, Шо беше искрен.

„Потребна ти е дебела кожа да играш под овој менаџер и за овој клуб. Мораме да се бориме за менаџерот, фановите и клубот. Јас потпишав нов договор бидејќи во овој клуб ќе се случуваат убави работи. Се работи за најголемиот клуб на светот и ние како фудбалери мораме да го направиме потребното“, вели Шо.

Scroll to Top