Top Sport

Лука Јовиќ го напушта Реал, но останува во Шпанија!?

Српскиот фудбалски репрезентативец Лука Јовиќ се чини дека на крајот на преодниот рок сепак ќе ги напушти редовите на Реал Мадрид.

Новиот кормилар Карло Анчелоти на стартот на подготовките го прешкрта српскиот играч, но како поминуваше времето, Италијанецот почна да му дава шанса.

На првите два меча во Ла Лига Јовиќ влегуваше во игра од клупата, а по мечот со Леванте „Дон Карло“ дури и го пофали.

Но со оглед на се погласните информации дека Килијан Мбапе е близу до премин на „Сантијаго Бернабеу“, станува јасн дека Србинот ќе остане и без таа мала минутажа што ја има досега.

Наводно, пд „кралскиот клуб“ се подготвени да го испратат во Реал Сосиедад.

Засега нема информации дали станува збор за продажба или позајмица со право на откуп, но секако дека Лука на „Аноета“ би имал поголема минутажа и шанса да ја врати формата од Ајнтрахт Франкфурт од пред две лета.

Scroll to Top