Реал Мадрид, во летниот преоден рок ќе се обидат да го донесат во тимот, Андре Силва. „АС“, тврди дека , Флорентино Перез, смисли како да го реализира трансферот на Португалецот од Ајнтрахт.
Финансиската криза, која ги погоди сите клубови, ќе има големо влијание на трансфер пазарот. Флорентино Перез нема да може да го донесе ниту Килијан Мпабе, ниту Ерлинг Халанд на „Сантијаго Бернабеу“.
Андре Силва игра одлично оваа сезона, постигнал 25 гола и забележал девет асистенции на 31 натпревар. Интерес за него покажале Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд и Манчестер јунајтед.
Реал ќе се обиде да го донесе Португалецот со Лука Јовиќ и сума од 20 милиони евра. Јовиќ од јануари им е позајмен на Ајнтрахт, тој има договор со Реал до јуни 2025 година.
Реал за Јовиќ, во 2019 година издвоија 60 милиони евра.