Лука Јовиќ побарал од челниците на Реал Мадрид да го напушти клубот до крајот на преодниот рок пишува „Марка“. Според овој извор Јовиќ сакал да оди во клуб каде ќе има поголема улога од онаа што ја има во Реал. Наводно и тренерот Зинедин Зидан го поддржал неговото барање.
Јовиќ минатото лето за 60.000.000 евра од Ајнтрахт Франкфурт се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ и не ја оправда инвестицијата. Во целатат сезона одигра само 806 минути, постигна два гола.
Покрај Карим Бензема на српскиот напаѓач Зидан не може да му гарантира место во тимот.
Во изминатиот период Јовиќ се поврзуваше со Милан и Наполи, наводно интерес покажувал и Интер, а според „Марка“ можно е да се врати и во Бундес лигата.
Во слулај Јовиќ да замине Реал нема да бараат нов напаѓач бидејќи во тимот останаа Маријано Дијаз и Борха Мајорал.