Top Sport

Лука Јовиќ промовиран во Мадрид (Видео)

Репрезентативецот на Србија, Лука Јовиќ и официјално стана фудбалер на Реал Мадрид. Денес тој на „Сантијаго Бернабеу“ го стави својот потпис на договорот.

Добредојде на поранешниот фудбалер на Црвена ѕвезда, Бенфика и Ајнтрахт од Франкфурт му посака претседателот Флорентино Перез.

„Денес го започнуваме новиот проект за наредната сезона. Минатата сезона немавме добри резултати. Со нова сила ќе се вратиме на победничките патеки“, рекол првиот човек на Реал. Ти честитам Лука и ти благодарам што го одбра овој клуб, Флорентино Перез.

Претходно српскиот репрезентативец ги мина лекарските прегледи, а потоа прв пат на фотографите им позираше во дресот на „кралскиот клуб“.

„Во моментов јас сум најсреќното дете во светот. Се ќа дадам за овој клуб“, рекол новиот напаѓач на Реал.

Јовиќ со Реал потпиша шест годишен договор, а Ајнтрахт од трансферот заработија 60 милиони евра.

Scroll to Top