Top Sport

Лукаку би сакал да се „обиде“ во Серија А

Пред пресметката во Лигата на шампионите против Јувентус, напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку го испофали тимот на Јувентус и додаде дека Серија А е лига во која би сакал да се „тестира“ во иднината.

Лукаку, кој во петокот постигна два гола за 2:1 победа на Белгија над Швајцарија, ја игра осмата сезона во Премиер лигата играјќи за тимовите на Челси, Вест Бромвич Албион, Евертон и Јунајтед. Неговиот брат, Џордан веќе е фудбалер на Лацио, и очигледно на Лукаку би му се допаѓало да му се приклучи.

„Зошто да не? Би сакал тоа да се случи. Јуве на пример имаат фантастичен проект и не застануваат туку секоја година сакаат да бидат посилни. Тие се еден од најдобите клубови на светот и имаат неверојатни фудбалери на сите позиции и фантастичен тренер“, вели Лукаку во интервју за „Газета дело спорт“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top