Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку побара УЕФА да преземе вистински чекори во борба против расизмот, откако тврдеше дека „цел стадион“ го навредувал на расна основа при 3:1 победата на Интер во дуелот од Лигата на шампионите против Славија Прага. Лукаку постигна гол во финишот на мечот, откако прво ВАР-системот му поништи еден гол.
„Кажав и последниот пат кога бев со белгиската репрезентација. УЕФА сега мора да направи нешто бидејќи не е во ред да има вакви работи на стадионот. Мене ми се случи двапати. во 2019 година сме и има фудбалери од сите националности. Ова не е добар пример за децата. Се надевам дека УЕФА ќе направи нешто бидејќи цел стадион правеше така“, вели Лукаку.