Top Sport

Лукаку: И Роналдо ми се жалеше дека во Италија тешко се даваат голови

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку вели дека Кристијано Роналдо го предупредил за тежината на италијанскиот фудбал и пред трансферот од Манчестер јунајтед ова лето. Белгиецот во интервју за „Њујорк тајмс“ направи споредба на играњето во Премиер лигата и Серија А, откако досега постигна 14 гола во 22 меча за Интер.

„Роналдо ми кажа дека се работи за најтешката дефанзивна лига на светот. Ми кажуваше како постигнувал голови насекаде, но дека во Италија тие доаѓаат најтешко. Ако Кристијано мисли дека е тешко да се дадат голови, тогаш навистина е тешко“, вели Лукаку.

Головите на Роналдо исто така „паднаа“ во Италија – тој лани имаше најмалку постигнато голови (28) од 2008/09.

„Потешко е од Англија бидејќи фудбалот е поинтензивен, но тука се игра по шема“, објаснува Лукаку.

Scroll to Top