Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку ќе избегне можност да оди во американски затвор со компензација на полицијата во Лос Анџелес за постојаните повици за гласните забави во текот на летото.
Полицијата на Лос Анџелес призна дека уапсила 24-годишен човек откако имало дури пет жалби за прегласна музика во исто толку денови во една куќа на Беверли Хилс. Забавите се случувале пред Лукаку да го направи трансферот вреден 75 милиони фунти од Евертон во Манчестер јунајтед, а на нив беше присутене неговиот сегашен клупски колега, Поп Погба.
Сега, Белгиецот ќе плати 450 долари како отштета на полицијата за да се тргнат обвиненијата со кои можеше да добие шест месеци затвор, објавија во Лос Анџелес по судското рочиште на кое беше адвокатот на Лукаку, Роберт Хамфрис.