Top Sport

Лукаку кон Златан: Јас сум, јас сум! Е.ано најдобриот!

Интер доминантно го доби Милан со 3:0, а Ромелу Лукаку дефинитивно го доби „реваншот“ со Златан Ибрахимовиќ по славната пресметка минатиот месец – постигна гол и имаше асистенција, додека Швеѓанецот побара да биде заменет во разочарувачки резултат за „росонерите“.

Откако го постигна последниот гол за „нераѕурите“, тој оттрча до корнерот и викаше „Јас, јас! Јас сум е.ано најдобриот“ покажувајќи кон Златан. Ибрахимовиќ можеше само да аплаудира.

Покрај тоа што Интер е сега на +4 пред Милан, Лукаку со 17 гола е најдобар стрелец во Серија А пред Кристијано Роналдо со 16.

Златан VS Лукаку, втора рунда!

Scroll to Top