Top Sport

Лукаку: Конте е барем искрен со мене!

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку вели дека сега има „многу искрен“ однос со тренерот Антонио Конте и објаснува дека е презадоволен од следниот чекор кој го направи во кариерата.

Лукаку замина од Манчестер јунајтед за 75 милиони евра по големо убедување од страна на Конте и 26-годишниот белгиски напаѓач игра како препороден.

„Се работи за искреност. Кога работите не одат добро, сакам да ми каже. Имам 26 години и можам да бидам подобар. Роналд Куман, Жозе Мурињо и Антонио Конте беа искрени со мене и не ме лажеа. Односите со Оле Гунар Солскјер не беа лоши, но сакав да заминам и му го кажав тоа уште во февруари. Во Интер сè е добро, исто како и со белгиската репрезентација. Нивото на работа е многу високо“, вели Лукаку.

Лукаку има постигнато девет гола за Интер по пристигнувањето од Англија, израмнувајќи го стартот кој го имаше бразилскиот Роналдо во 1997/98.

Scroll to Top