Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку си замина од „Олд Трафорд“ минатото лето, но вели дека „ѓаволите“ одат во вистинска насока под Оле Гунар Солскјер.
Заминувањето на Лукаку од Манчестер јунајтед остави „дупка“ во нападот на тимот, која не е целосно пополнета посебно по повредата на Маркус Рашфорд, а покрај тоа има доста проблеми и во одбраната, додека Пол Погба поголемиот дел од сезоната е повреден. Со доаѓањето на Бруно Фернандеш се направи мал прогрес, и Лукаку очекува неговиот поранешен тим полека да се врати на врвот.
„Тие одат во вистинска насока. Се работи за долг процес, но сигурно ќе стигнат таму. Не сум изненаден од одличната форма на Маркус Рашфорд, бидејќи тој постојано работеше напорно на тренинзите“, вели Лукаку.
Тој, исто така, има одлични резултати со Интер, со 23 гола досега во првата сезона, откако за Јунајтед постигна 42 гола во 96 настапи.