Top Sport

Лукаку мора да биде казнет? (видео)

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо го пофали односот на Ромелу Лукаку, иако ги критикуваше напаѓачите на својот тим за недостаток на креативност против Брајтон, меч кој го добија со 1:0 со среќен гол. Фановите на Брајтон пак, бараа Премиер лигата да го суспендира Белгиецот за незгодниот удар при голот на Јунајтед

„Не би бил изненаден ако некој забележеше дека игравме со премногу напаѓачи. Понекогаш играш со премногу напаѓачи и ја губиш контролата на играта. Денеска креативноста беше слаба, и нашите три играчи кои играа со Лукаку не му дадоа ниту една топка. Среќен сум со односот, но исто така мораме да честитаме на тим кој пред неколку месеци играше во Чемпионшип, а сега на ’Олд Трафорд’ ни дадоа тежок предизвик“, вели Мурињо.

Фановите на Брајтон пак, преку социјалните мрежи побараа Фудбалската асоцијација (ФА) да го суспендира Лукаку за дуелот со дефанзивецот Гаетан Бонг откако двапати го удри со копачка – прво со десната нога, а потоа со левата нога, како што се гледа од фотографиите и од видеото.

Јунајтед со среќна победа, Тотенхем потфрли (видео)

Scroll to Top