Top Sport

Лукаку не верува дека ќе се врати во Премиер лигата

Ѕвездата на Интер, Ромелу Лукаку признава дека е тешко да се верува дека повторно ќе игра во Премиер лигата, најавувајќи дека е презадоволен во Италија.

26-годишниот Белгиец помина осум години во Англија, откако се приклучи на Челси во 2011 година, а играше и за Вест Бромвич Албион, Евертон и Манчестер јунајтед, пред минатото лето да се пресели во Интер. Откако постигна 23 гола пред прекинот на сезоната поради корона вирусот, очигледно нема намера да мисли на минатото.

Одговарајќи на прашања на Твитер во саботата, Лукаку вели дека не верува дека ќе игра во Премиер лигата, но ако го направи тоа, ќе игра само за Евертон.

„Не мислам дека ќе се вратам во Англија, но навистина го сакав времето кое бев во Евертон. Можеби ќе направам како Винсен Компани и ќе се вратам во Андерлехт“, одговара Лукаку.

Тој исто така беше запрашан кои според него се најдобрите млади фудбалери во Манчестер јунајтед и Челси, бирајќи го Мејсон Гринвуд од „ѓаволите“ и Мејсон Маунт и Теми Абрахам од Челси.

Scroll to Top