Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, поради повреда ќе го пропушти натпреварот против Вулверхемптон, во рамките на четврт-финалето во ФА купот. Исто така Лукаку нема да биде ниту во составот на Белгија, во квалификациските мечеви против Русија и Кипар.
Повредата доаѓа во лош момент за Лукаку, кој на задоволство на сите во клубот влезе во форма. На последните четири натпревари тој постигна шест гола.
Белгиецот се здобил со повреда на глуждот на десната нога, на натпреварот со ПСЖ во Лигата на шампионите. Сосотјбата му се вложила по мечот со Арсенал во Премиер лигата.
Покрај Лукаку, поради повреди против Вулверхемптон за Јунајтед нема да играат Џеси Лингард, Алексис Санчез и Хуан Мата.
Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон ќе се одигра в сабота од 20:55 часот.