Кога Манчестер јунајтед го пратија Ромелу Лукаку во Интер во текот на летото, Белгиецот го следеше репутација дека не успеал да се докаже во врвен тим како стрелец. Неколку месеци подоцна, на секој навивач на Јунајтед им недостасува.
26-годишниот Лукаку е во фантастична форма и во саботата постигна два гола во дуелот со Болоња, со што стигна до својот 9-ти гол во Серија А, израмнувајќи се со Бразилецот Роналдо, кој имаше ист старт во сезоната 1997/98.
Од друга страна, на „ѓаволите“ очајно им треба човек во нападот со многу шпекулации за „одврзување на кесето“ уште во јануари.
Покрај ова тука е понижувачката статистика (за Јунајтед) – Лукаку од септември има постигнато осум голови во лигата, додека целиот Манчестер јунајтед има постигнато само шест гола. „Коцкањето“ на Антонио Конте целосно се исплатеше.
League goals since the beginning of September: Romelu Lukaku 8 – 6 Manchester United
— Daniel Storey (@danielstorey85) November 2, 2019