Top Sport

Лукаку продолжува да ги нервира Челси – на Фејсбук е играч на Интер!

Ромелу Лукаку очигледно нема намера да се „смирува“ со првите луѓе на Челси на утрешниот најавен „состанок“, откако продолжи да ги иритира фановите на „сините“ откако на Фејсбук го смени својот тим од Челси во својот стар клуб, Интер.

По контроверзното интервју во кое призна дека не задоволен од „ситуацијата со Томас Тухел“ и дека Челси му бил четврти избор за тим (по Реал, Барса и Баерн), тој изјави дека во иднина повторно ќе биде фудбалер на Интер.

Томас Тухел го изостави од тимот за дербито со Ливерпул (2:2) и по мечот изјави дека по утрешниот состанок ќе знае дали Лукаку ќе биде достапен за мечот од ФА купот. Лукаку, пак, побрза да го смени клубот во Интер во биографијата на Фејсбук.

Scroll to Top