Самоуверениот Ромелу Лукаку изјави дека „роден за ова“ откако со два гола во петочниот пријателски натпревар со Мексико во Брисел донесе 3:3 реми и се израмни со Пол ван Химст и Бернард Форхоф како најдобар стрелец во белгиската репрезентација со 30 голови.
24-годишниот напаѓач на Манчестер јунајтед може да стане единствен рекордер веќе во вторник, кога Белгија ја пречекува Јапонија.
„Роден сум за ова! Сакам да дадам што е можно повеќе голови насекаде. Знаев дека ќе го срушам рекордот и сакам да бидам единствен рекордер пред 2018. Оваа генерација на Белгија заслужува да освои нешто. Сакам трофеј за нацијата“, изјави тој за весникот „Хат латсе ниувс“.
Во интервју за „Ла уне“, тој се потсети на човекот со кого се израмни – Пол Ван Химст.
„Тој ми помогна многу кога играв во Андерлехт, така што сум навистина горд што се израмнив со мене. Тој останува најдобриот белгиски фудбалер на сите времиња и навистина го почитувам. Секогаш сум верувал во моите квалитети, но најважното останува тимот“, вели Лукаку.