Ромелу Лукаку се соочува со суспензија од страна на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поради што би пропуштил неколку важни натревари за Манчестер јунајтед.
Лукаку во саботата на натпреварот со Брајтон, кој Јунајтед го доби со среќниот гол на Ешли Јанг, удри противнички играч што судијата не го забележа.
Неволјата да биде поголема, моментот кога Лукаку го удира дефанзивецот на Брајтон Гаетан Бонг е поврзан со акцијата по која е постигнат единствениот гол на натпреварот.
Доколку ФА реши да го казни Лукаку, тоа значи дека тој ќе отсуствува од најмалку три натпревари, против Вотфорд, Арсенал и Манчестер Сити.
http://topsport.mk/fudbal/lukaku-mora-da-bide-kaznet-video/