Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку вели дека нема што да докажува на своите критичари и дека заслужува повеќе почит за головите кои ги постигна оваа година.
Лукаку постигна еден гол и го намести победничкиот гол на Џеси Лингард за Јунајтед да стигнат до 2:1 победа над Челси на „Олд Трафорд“, и сега има 13 голови оваа сезона во Премиер лигата, четири во Лигата на шампионите и четири во ФА купот, иако постојано го критикуваат дека не постигнува голови против „големите“ тимови.
„Очекуваш малку повеќе почит, но тоа е ситуацијата во која сме. Почнав со фудбалот на 16 години, и секоја година луѓето очекуваат над 20 голови од мене. Го правам тоа 10 години едноподруго така што немам гшто да докажувам“, вели Лукаку по првиот гол против топ 6 противник во Англија во седум натпревари оваа сезона.
Лукаку дојде во Јунајтед во летниот преоден рок откако постигна 25 гола за Евертон во последната сезона на „Гудисон парк“. Повеќе голови од него оваа сезона имаат постигнато Хери Кејн (25), Мохамед Салах (23), Серхио Агуеро (21) и Рахим Стерлинг (15).
„Имам само 24 години и многу години пред мене за да бидам уште подобар“, вели Лукаку.
Лукаку му донесе радост на Мурињо против стариот клуб (видео)