Ромелу Лукаку ќе се соочи со својот поранешен тренер Антонио Конте и неговите Тотенхем од стартот на полуфиналето од Лига купот, но и со навивачите на „Стемфорд Бриџ“ по контроверзното интервју, за кое беше парично казнет и мораше јавно да се извинува.
Лукаку беше изоставен целосно од составот за дербито со Ливерпул во текот на викендот по објавувањето на интервјуто во кое го критикуваше Томас Тухел и најави дека сака да се врати во Интер, клубот со кој минатата сезона токму под Конте ја освои титулата од Серија А.
Сега, тој ќе има шанса да го победи својот поранешен тренер, и да се докаже во очите на навивачите на Челси.
Your Chelsea team tonight. ?@ParimatchGlobal #CheTot pic.twitter.com/KRk3APL1px
— Chelsea FC (@ChelseaFC) January 5, 2022