Една од забележителните промени во играта на Манчестер јунајтед под Оле Гунар Солксјер е брзината на тимот во споредба со „спориот“ фудбал кој го преферираше Жозе Мурињо. Сега, Ромелу Лукаку тврди дека е убедливо најбрзиот фудбалер на „ѓаволите“.
Лукаку беше под критики кога Солксјер дојде на клупата, и тој не беше често стартер, но во последните четири меча во Премиер лигата тој има шест гола, и тврдењето на Лукаку беше ставено под лупа на „Дејли мејл“, кои утврдија дека Белгиецот ги има двата најбрзи спринта за Јунајтед оваа сезона.