Top Sport

Лукаку: Со Златан во „лов“ на Сити

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку вели дека неговиот тим со помош на Златан Ибрахимовиќ ќе тргне во „лов“ на ривалите за титулата во Премиер лигата, Манчестер сити.

Сити имаат осум поени предност пред тимот на Жозе Мурињо, но Белгиецот вели дека токму Ибрахимовиќ ќе даде мотив повеќе за враќање во борбата. Ибрахимовиќ би требало да се врати на терените пред Нова година, по сериозната повреда на коленото.

„Навистина ме мотивира што тој ќе се врати, бидејќи е навистина добар играч во нашиот тим. Кога имате тешки противници, Ибрахимовиќ е вистинскиот човек за вас“, вели Лукаку.

24-годишниот Лукаку имаше фантастичен старт на сезоната со Јунајтед, но сега нема постигнато гол во седум натпревари. Дека не го загубил чувството тој покажа со два гола при 3:3 ремито во пријателскиот меч со Мексико.

„Јас сум роден да давам голови. Не верувам дека има многу напаѓачи од мојата генерација кои имаат толку голови како мене. Јас сум како леопард во шестнаесетникот“, додава Белгиецот.

Scroll to Top