Top Sport

Лукас Ернандез: Не сум го видел мојот татко 12 години

Францускиот фудбалер на Атлетико Мадрид, Лукас Ернандез открива дека тој и неговиот брат Тео, кој игра за Реал Сосиедад како позајмен играч од Реал Мадрид, го немаат видено нивниот татко Жан-Франсоа Ернандез повеќе од 10 години.

Лукас и Тео ја откриваат тешката семејна ситуација, но велат дека и без нивниот татко, кој е ексфудбалер на Рајо Валјекано и Атлетико Мадрид, тие израснале „исправно“ поради нивната мајка.

„Сѐ и должам на неа, таа не израсна, таа ме однесе мене и мојот брат во светот на фудбалот, таа работеше безброј часови за да не прехрани. Тоа што сум денеска сум поради неа. Од нашиот татко не чувме ништо 12 или 13 години, ниту кога ја освоивме светската титула. Сега, кога сум татко уште повеќе разбирам што тој направи. Не можам да замислам да се откажам од мојот син, дури и да морам да спијам под некој мост за среќата на мојот син ќе го направам тоа“, вели Ернандез во интервју за „Ле паризиен“.

Тој вели дека врската со неговиот брат Тео, иако кариерата им оди во различен правец, останува најсилна.

„Јас сум негов постар брат и заштитник. Имавме тешки моменти, но секогаш бевме тука еден за друг. Секогаш сме имале посебна врска, тој е мој помал брат и мој најдобар пријател. Животот ми го смени доаѓањето на мојот син Мартин, бидејќи претходно мислев само на себе. Сега сум и светски шампион и татко. За неколку години ќе му кажам за ова неверојатно лето“, додава Ернандез.

Scroll to Top