Германскиот „класик“ помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен донесе многу контроверзи околу судењето, околу извиците „Меси, Меси“ за Роберт Левандовски, но еден момент на мечот посебно ги насмеа германските фудбалски фанови.
Лукас Ернандез беше фаулиран во сопствената половина на теренот од страна на Ерлинг Халанд во второто полувреме, и воопшто не беше среќен, станувајќи да се конфронтира со фудбалерот кој го собори. Но, кога сфати дека се работи за Халанд, на крајот пружи само рака за помирување.
Lucas hernandez was mad and wanted to fight but then realised that it was Haaland?? pic.twitter.com/Qo9ZiI2TgP
— Arrest P$G & L’Equipe ???? (@AminRMFC9) December 4, 2021