Лукас Моура, херојот на победата на Тотенхем над Ајакс, им се заблагодарил на соиграчите со зборовите дека без нив неговата изведба на натпреварот не би била можна.
Моура во 96 минута во Амстердам го комплетираше хет-трикот и ги однесе Тотенхем в финалето. Тотенхем во Амстердам допатуваа со минус од еден гола, а по првиот дел имаа негатива од два гола.
„Невозможно е да се објасни што чувствувам во овој момент. Многу сум горд на моите соиграчи. Верувавме во овој момент, верувавме дека ова е можно. Дадовме се од себе, мислам дека заслуживме. Ние сме семејство, не е можно да се објасни ова, ова е голе подарок од Бога и сакам да го поделам со соиграчите, со моето семејство, пријателите. Овде не сум само јас, тука е во прашање тимската работа. Тешко е да се игра против Ајакс, но ние сме квалитетен тим“, рекол Моура.
Тотенхем во своето прво финале, на 1 јуни, за титулата ќе се борат против Ливерпул.
https://twitter.com/FutbolBible/status/1126283230905348098