Полуфиналињата на Лигата на шампиони како да се преплатени да им даваат срцеви напади на фудбалските навивачи. Откако вчера Ливерпул го направи најголемиот пресврт во историјата на ЛШ, сега Тотенхем е на чекор од таков успех.
Иако по првото полувреме изгледаше дека на Ајакс му следуваат рутински 45 минути за пласман во финалето по 2:0 водството (по 1:0 гостинската победа), сега Тотенхем има половина час за да направи чудо, благодарение на Лукас Моура.
Бразилецот успеа за четири минути да постигне два гола, за актуелниот резултат да е 2:2, и на еден гол од финале – доколку победат со 3:2, тие имаат повеќе постигнато гостински голови од Ајакс!