Top Sport

Лукас Моура: Тотенхем е поголем клуб од ПСЖ!

Бразилскиот напаѓач Лукас Моура верува дека неговиот сегашен тим Тотенхем е поголем клуб од неговиот претходен, Пари Сен-Жермен, иако во „градот на светлината“ играат фудбалери како Нејмар, Килијан Мбапе и Единсон Кавани, а ПСЖ зад себе ги имаат катарските милијарди.

25-годишниот Лукас Моура помина пет години кај ПСЖ, пред во јануари да го комплетира трансферот од 25 милиони фунти во Тотенхем. Тој вели дека е презадоволен од трансферот бидејќи сака да се покаже во Премиер лигата, иако имаше само 11 настапи од јануари и има доверба дека со Маурисио Почетино ќе има добар почеток на сезоната.

„Жал ми е што морав да се разделам со Нејмар бидејќи бевме добри пријатели, но бев таму пет години и ми требаше нов предизвик. Сакав да играм во друга лига, и ова беше огромна шанса. Тотенхем се навистина голем клуб, можеби поголем во структурата од ПСЖ. Бев импресиониран кога пристигнав. Сега ќе го дадам максимумот бидејќи Премиер лигата е најтешка на светот“, вели Моура во интервју со „Мејл он сандеј“.

Scroll to Top