Напаѓачот на Тотенхем, Лукас Мура е прогласен за играч на Премиер лигата за месец август. Дваесет и шестгодишниот Мура ја освои наградата откако постигна три гола на исто толку натпревари во август, вклучувајќи и два гола во победата на Спарс од 3:0 над Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд.
Бразилецот ја освои наградата пред дефанзивецот на Челзи, Маркос Алонсо, голманот на Кардиф Сити, Нил Етериџ, дуото на Ливерпул, Садио Мане и Вирџил ван Дајк, левиот бек на Манчестер сити, Бенџамин Менди и Роберто Переира од Ватфорд.