Top Sport

Луксембург го доби „дербито“ против Малта (видео)

Во исчекување на пријателските натпревари на најсилните репрезентации на светот, фудбалската репрезентација на Луксембург ја продолжи победничката „низа“ со триумф од 1:0 на гостувањето на Малта.

Во дуел на две репрезентации кои честопати квалификациските циклуси ги завршуваат без освоен поен, Луксембург стигна до победа со гол во 94. минута од мечот благодарение на голот на Кевин Малгет.

Ова е трет натпревар во низа во кој Луксембург не е поразен – по 1:1 со Бугарија во последниот меч од квалификациите за СП во Русија, Луксембург со 2:1 ја победи Унгарија во пријателски меч во ноември. Малта од друга страна има седум порази во низа.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

Антигва и Барбуда – Бермудски Острови 3:2

Филипини – Фиџи 3:2

Малезија – Монголија 2:2

Бахреин – Палестина 0:0

Алжир – Танзанија 4:1

Фарски Острови – Летонија 1:1

Малта – Луксембург 0:1

Scroll to Top