Во Ц-сегментот, во Лигата на нации, комплетирано е првото коло во Групите 1 и 2. Во првиот меч Македонија ја победи Ерменија со 2:1, а во Групата 2 триумф запиша и Грузија.
Селекцијата на Грузија во Талин ја победија Естонија со 1:0. Единствениот гол го постигна Качарава во 32 минута.
Македонија, во вторник, ќе гостува во Грузија, а Ерменија ќе ја пречека Естонија.
Луксембург, во Групата 1 , приреди сензација со победата во Азербејџан. Домашниот тим од 26 минута играше со фудбалер помалку, а во 43 минута преку Шејадев постигна гол. На почетокот на вториот дел Кривосчук си постигна авто-гол, а победата на гостите од Луксембург им ја донесе Родригез.
Гостинска победа забележа и Црна Гора. Црногоците со головите на Јоветиќ во 60 и 63 минута го победија Кипар со 2:0.