Сенад Лулиќ повеќе нема да настапува за репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Ненадејно, преку писмо, 31-годишниот капитен на Лацио ја објави својата одлука.
Лулиќ за БиХ дебитирал пред 10 години. Тој за националниот тим одиграл 57 натпревари и постигнал четири гола. Со БиХ учестуваше на Светското првенство во 2014 година.
„Вакви одлуки, животни одлуки не се носат ‘преку ноќ’. Многу размислував, разговарав со семејството и најблиските и одлучив да ја заврпам репрезентативната кариера. Со тешко срце ја донесов одлуката бидејќи го вложив своето здравје и огромна количина на љубов борејќи се за грбот на својата земја“, напишал меѓудругото во своето писмо Лулиќ.
еден од најискусните и најдобрите играчи во репрезентацијата реши да стави крај на репрезентативната кариера во моментот кога спортската јавност во оваа земја жестокот полемизира околу изборот на новиот селектор. Фаворит на Сојузот е Роберт Просинечки, додека јавноста и новинарите за селектор го сакаат Амар Осим.