Top Sport

Лутите навивачи на Барса не сакаа да го пуштат Куман да помине

По 1:2 поразот од Реал Мадрид во „Ел класико“, лутите навивачи на Барселона го чекаа тренерот Роналд Куман да излезе со својот автомобил од „Ноу Камп“, не дозволувајќи му да си замине.

Иако резултатот и ласка на Барса која беше послаба во текот на целиот меч, навивачите на преполниот „Ноу Камп“ (86.400 гледачи) повторно беа разочарани и почнаа да бараат отказ за Куман, со Чави Ернандез или Роберто Мартинез како главни кандидати за неговата работа.

Лутите навивачи го чекаа Куман и потоа го „нападнаа“ Аудито на 58-годишниот Холанѓанец, кој на крајот успеа да замине.

Scroll to Top