Две животни прогнозирале различни победници на денешниот натпревар помеѓу Русија и Саудиска Арабија со кој ќе биде отворено 21.Светско првенство во фудбал.
Мачорот Ахил во музејот Ермитаж во Санкт Петербург, прогнозирал победа на домашната селекција.
Пред него биле поставени две чинии со храна, едната била означена со знамето на Русоја, а другата со знамето на Саудиска Арабија.
По кратко време Ахил започнал да јаде од чинијата со руското знаме.
Ветеринарот во музејот, Ана Кондратјева, рекла дека е сигурна дека прогнозата на Ахил е точна.
Ахил стана популарен минатата година, кога неколку пати точно ги прогнозираше победниците на натпреварите што се играа на Купот на Конфедерации.
За разлика од Ахил, лемурот Спартак во зоолошката градина во Екатеринбург прогнозирал победа на Саудиска Арабија.
Русија и Саудиска Арабија денес ќе го отворат 21.Светско првенство во фудбал. Дуелот на стадионот „Лужники“ во Москва е закажан за 17 часот.