Top Sport

Мадисон и Сојунџу ќе добијат нови договори

Џејмс Медисон (23) наскоро ќе потпише нов договор со Лестер. „Атлетик“ пишува дека покрај Медисон истото ќе го направи и неговиот врсник Чалар Сојунџу.

Лестер е хит во Премиер лигата оваа сезона. „Лисиците“ се најблиску на табелата до Ливерпул. Лестер имаат осум бода помалку од Ливерпул, а шест повеќе од Манчестер сити.

Многу клубови покажуваат интерес за овие двајца играчи. Медисон е главен во организацијата на играта на Лестер, а Сојунџу се покажа како одлична замена за Хари Мегваер кој за рекордни 85 милиони евра замина на почетокот на сезоната во Манчестер Јунајтед.

Ливерпул покажуваат најголем интерес за Медисон, додека за Сојунџу се интересираат од Манчестер сити.

Целта на челниците на Лестер да вметнат повисоки клаузули за откуп на нивните договори, доколку некој од нив посака да го напушти клубот.

Во меѓувреме Лестер потпишаа договор до 2025 година со менаџерот Брендон Роџерс.

Scroll to Top