Top Sport

Мадуеке: Сакам да бидам новиот Азар во Челси

Новото засилување на Челси, Нони Мадуеке вели дека сака да стане легенда на клубот налик на Еден Азар, откако зимското трошење на премирлигашот не престанува. Челси платија 30.5 милиони фунти да го донесат Мадуеке од ПСВ Ајндховен, и на прашање кој од поранешните фудбалери на Челси најмногу го цени, тој го посочи Азар, кој имаше седум блескави сезони со клубот, пред да направи скап трансфер во Реал Мадрид.

„Ќе морам да кажам дека тоа е Еден Азар, фудбалер кој секогаш ве креваше од нозе, кој ги возбудуваше фановите со самото излегување на теренот. Имаме некои сличности во играта и се надевам дека ќе бидам добар како него еден ден“, вели Мадуеке.

Мадуеке, кој е по потекло Британец, пристигна во ПСВ Ајндховен од младинската академија на Тотенхем во 2018 година и имаше 80 настапи за холандскиот клуб. Тој е второто големо име кое заминува од ПСВ, откако Коди Гакпо потпиша со Ливерпул.

Scroll to Top