Top Sport

Маестро Липи заврши со кинеската „авантура“

Италијанскиот фудбалски стратег Марчело Липи потврди дека по две години заминува од позицијата селектор на Кина, откако неговата репрезентација загуби во четврт-финалето од Азискиот куп од Иран.

70-годишниот Липи и претходно изјави дека нема да потпише нов договор, но во Кина се надеваа дека ќе го убедат да остане со прва азиска титула во Обединетите Арапски Емирати. Но, по 3:0 поразот и само петте удари на противничкиот гол, Липи потврди дека заминува.

„Со овој меч завршува договорот со кинеската репрезентација и крај на мојот кинески пат. Сакам да ви се заблагодарам на сите, бидејќи беше чест да се биде селектор на таква земја како Кина. Се надевав дека ќе си заминам на подобар начин, но такви грешки лесно се казнуваат“, вели Липи.

Ценет како еден од најдобрите тактичари во светот на фудбалот, Липи, кој во кариерата го освои Светското првенство со Италија во 2006 и Лигата на шампионите на два континенти, тој сигурно ќе добие нови понуди доколку сака да продолжи со работа.

Фото: ЕПА

Scroll to Top