Top Sport

Магија на Бејл, Реал го победи Јувентус (Видео)

Реал го победи Јувентус во Мериленд, САД, во натпревар одигран во ранките на Интернационалниот куп на шампионите.

Во реприза на финалето од пред две години во Лигата на шампионите, играчите на Јувентус беа тие што први постигнаа гол. По акцијата на Жоао Кансело, Дано Карвахал ја погоди сопствената мрежа во 12.минута.

Европскиот првак израмни во 39.минута со прекрасниот гол на Герет Бејл.

Во второто полувреме на сцена стапи Марко Асенсио, кој од клупата влезе во игра. Најпрвин во 47.минута му донесе предност на Реал, а девет минути подоцна го постави конечниот резултат на натпреварот. .

Кристијано Роналдо поради продолжениот одмор не беше во можност да игра против својот поранешен тим.

Реал во САД ќе одигра уште еден меч против ривал од Италија. Реал против Рома ќе игра в среда, во Њу Џерси.

Scroll to Top