Top Sport

Магија на Бејли за Баер да скокне на второто место (видео)

Баер Леверкузен стигна до 2:0 победа над Мајнц благодарение на фантастичниот погодок на нивниот јамајчански талент, Леон Бејли.

„Фармацевтите“ не успеаја да го скршат отпорот на Мајц во првите 45 минути, за во 48. минута, 20-годишниот Бејли, кој е на „мета“ на повеќе европски гиганти, да постигне фантастичен гол од работ на шестнаесетникот.

Победата беше запечатена во 68. минута, кога Вендел постигна гол од пенал по игра со рака на дефанзивец на Мајнц.

Баер сега имаат 34 поени на второто место во Бундеслигата, исто како и третопласираниот Шалке, но со подобра гол-разлика. Баерн е далеку на првото место со дури 50 поени.

Scroll to Top