Top Sport

Магија на Мбапе, гол на Сарабија (Видео)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен одиграа само 1-1 против Нинберг во вториот подготвителен меч, во пресрет на новата сезона. Во тимот, како и на првиот меч од подготовките против Динамо Дрезден го немаше Нејмар.

Пари Сен Жермен единствениот гол на натпреварот го постигнаа во 43 минута. Мбапе со мајсторски потег се избори за слободен простор, а неговиот центаршут во гол го претвори Сарабија.

Шпанецот во преодниот рок за 17 милиони евра пристигна од Севилја.

Мајсторијата на Мбапе и голот на Сарабија може да ја погледнете овде.

Според праксата што ја имаат тренерите, кога се во прашање ваквите натпревари, во вториот дел имаше многу измени на двете страни, а Нинберг израмнија во 71 минута кога Валентини реализираше пенал.

Scroll to Top