Top Sport

Магнусон: Исланд го нема Нејмар, но заслужуваме почит

Дефанзивецот на англискиот второлигаш Бристол, Хордур Магнусон вели дека никој во Исланд не е изненаден од нивната квалификација на Светското првенство во Русија во 2018, каде што нема да има репрезентации од калибарот на Холандија, Италија, САД и Чиле.

Исланд стигна до четврт-финалето на Евро 2016 победувајќи ја Англија во осминафиналето, а во квалификациите за СП беа во тешка група со Хрватска, Украина и Турција, но на крајот го освоија првото место и директен пласман. Нацијата од 334 илјади жители ја има силата на колективниот дух, вели 24-годишниот Магнусон.

„Воопшто не сме изненадени од квалификациите. Тоа беше главната цел, да одиме на Светско првенство. Кога се прошири ЕП на 24 тима, знаевме дека тоа е можно. Исланд го оствари сонот таму, и по одличниот настап знаевме дека е можен и пласман на СП“, вели Магнусон.

Тој вели дека имало клучни моменти во квалификациите, како победата над Хрватска на домашен терен, кога токму Магнусон го постигна победничкиот гол и тоа што судбината ја имале во своите раце.

„Немаме Нејмар или Филип Кутињо во тимот, само играчи кои работат заедно со голем колективен дух. Така ги победивме и Англија на Евро 2016“, додава Магнусон.

 

Scroll to Top