Top Sport

Мајк Дин добивал закани, побарал овој викенд да не суди

Еден од најпознатите англиски судии, Мајк Дин, побарал да не суди во наредното коло, бидејќи тој и неговото семејство добивале закани. Дин, не се прослави на последните два натпревари што ги судеше во Премиер лигата. На двата покажа црвени картони, кои подоцна Фудбалската асоцијација (ФА) ги поништи.

Дин, го судеше натпреварот помеѓу Манчестер и Саутемптон (9:0), во 87.минута тој досуди пенал за Манчестер јунајтед и му покажа црвен картон на Јан Бендарек од Саутемптон.

Неколку дена подоцна ја делеше правдата во лондонската пресметка помеѓу Фулам и Вес Хем (0:0). Во 94.минута тој го исклучи Томаш Соучек од Вест Хем, иако Александар Митровиќ од Фулам, во духот на фер-плејот, му кажал дека не добил удар од чешкиот репрезентативец.

Мајк Дин, ги додели црвените картони, без претходно да ја прегледа снимката, иако тоа му е дозволено со новите правила.

Наместо Дин, двете ситуации биле разгледани во ФА и црвените картони на Бендарек и Соучек им се поништени.

Дин, ќе биде главен судија на мечот Вест Хем-Брајтон, во среда во ФА купот, а потоа ќе има слободен викенд.

Scroll to Top