Top Sport

Мајката на Хари Мегваер: Ова никому не би му го посакала

Хари Мегваер е постојано мета на критики, навреди и потсмев речиси од првиот ден кога се пресели од Лестер во Манчестер јунајтед. Низ каква гогота поминува секојдневно откри мајката на англискиот фудбалер.

На искусниот фудбалер, јавноста не само што не му ги простува грешките, туку честопати е многу сурова, што сигурно да му го отежнува животот на неговото семејство.

„Како мајка, кога ја гледам количината на негативни и навредливи коментари кои доаѓаат од навивачите или медиумите, сметам дека е неприфатливо и срамно за која било сфера од животот, а камоли за некој кој работи напорно за клубот и својата земја.

Јас сум на трибините, како и секогаш, и неприфатливо е тоа што луѓето го направија практично од ништо.

Разбирам дека во светот на фудбалот има подеми и падови, позитивни и негативни, но она со што се соочува Хари ги надмина границите на фудбалот.

Не е во ред ова низ што поминува. Не би сакала родителите и нивните деца да се соочуваат со вакви ситуации во иднина. Хари има големо срце и добро е што е ментално силен бидејќи некои не би можеле да се справат со ова.

Не би сакала никој да добива такви навреди“, изјави мајката на Хари Мегваер.

Scroll to Top