Top Sport

Мајката на Роналдо би сакала тој да се врати во Јунајтед?

Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро, вели дека повеќе би сакала нејзиниот син да се врати во Манчестер јунајтед, наместо да направи трансфер во богатиот тим на Пари Сен-Жермен.

Околу иднината на португалскиот ас имаше многу шпекулации, посебно околу можното враќање на „Олд Трафорд“, откако самиот изјави дека треба да размисли за иднината. Неговата мајка има посакувана дестинација.

„Ми се допаѓа Париз и доаѓам честопати тука. Последен пат бев кога мојот син ја доби ’Златната топка’ и тоа беше голема чест. Да го убедувам Кристијано да дојде во ПСЖ? Да бидам искрена, нема да ми пречи да оди  таму, но повеќе би сакала тој да се врати во Манчестер јунајтед“, изјави Авеиро во интервју за француската ТВ.

33-годишниот Роналдо дојде во Реал Мадрид во 2009 година од Манчестер јунајтед за тогаш рекордни 80 милиони фунти.

Scroll to Top