Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро преку социјалните мрежи порача дека сака нејзиниот син да направи емотивно враќање во својот прв клуб, Спортинг Лисабон, откако беше на трибините во средата при 3:1 победата над Борусија Дортмунд.
„Само ти ни недостасуваш“, напиша Авеиро на социјалните мрежи покрај двајца пријатели, во порака до ѕвездата на Манчестер јунајтед.
36-годишниот Роналдо само што направи еден поинаков камбек, враќајќи се во Манчестер јунајтед, иако по сите турбуленции во клубот и договорот со Ралф Рангник за преземање на клубот, неговата позиција на лидер во тимот е под закана.
Долорес и во текот на летото најави дека тој еден ден ќе се врати во Лисабон.
„Роналдо мора да се врати во Спортинг, за да биде тука за мене. Секогаш ги следи натпреварите на Спортинг и веќе му кажав: ‘Сине, пред да умрам, сакам да дојдеш во Спортинг’. Да видиме што ќе се случи, ми кажа тој“, изјави тогаш Авеиро.
Роналдо има договор со Јунајтед до летото 2023 со опција за уште една сезона.