Top Sport

Мајкл Овен се отвори: Едвај чекав да заминам во пензија

Поранешниот голгетер на Ливерпул, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, Мајкл Овен вели дека едвај чекал да ја заврши кариерата откако последните неколку години додека играл имал голем проблем со повредите.

38-годишниот Овен во 2001 година додека беше фудбалер на Ливерпул ја освои „златната топка“ откако со „црвените“ го освои ФА купот, Лига купот и УЕФА купот таа сезона, но во вториот дел од кариерата се мачеше со повредите и признава дека по првото кинење на бутниот мускул не бил истиот фудбалер.

„Кога тоа се случи, бев готов. Од некој кој постигнува голови, кој секогаш е најдобар и брз, станав сосема поинаков фудбалер. Последните шест-седум години од кариерата го правев тоа што можев. Бев исплашен од секој натпревар и инстинктот ми велеше дека сум готов. Го мразев тој период и едвај чекав да се повлечам бидејќи тоа не бев јас“, вели Овен.

Овен ја освои Премиер лигата со Манчестер јунајтед во 2011 и се повлече од спортот во 2013 по неуспешната сезона со Стоук сити.

Scroll to Top