Мајнц по осум кола во Бундеслигата успеа да ја забележи првата победа во новата сезона, победувајќи со 3:1 на гости кај Фрајбург, додека на Келн тоа не им успеа по домашниот 1:2 пораз од Унион Берлин.
Жан-Филип Матета постигна хет-трик во првото полувреме за Мајнц да ја осигура победата кај Фрајбург и да скокне на 15. место, излегувајќи од зоната за испаѓање.
Келн, пак, останува претпоследен со три поени, откако Унион Берлин со голот на Макс Крузе од пенал обезбедија 1:2 победа за да скокнат на петтото место на табелата. Келн, заедно со мизерниот тим на Шалке, сега се единствените без победа во германскиот шампионат.
БУНДЕСЛИГА, 8.КОЛО
Фрајбург – Мајнц 1:3
Келн – Унион Берлин 1:2